Продолженото породилно отсуство ќе трае до завршувањето на привремените мерки

Bez autora
Jul 22 2020

Министерството за труд и социјална политика информира дека на работничките што се на продолжено породилно отсуство платеното отсуство им трае сè додека траат привремените мерки за заштита од коронавирусот.

„За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата донесе уредба со законска сила, со која отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на привремените мерки за заштита од ширење и превенција од Ковид-19“, се наведува во соопштението.

Одлуката за времетраење и завршување на привремените мерки ја носи Владата по препорака на Комисијата за заразни болести.

Надоместокот за породилното отсуство се регулира преку Фондот за здравствено осигурување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik